DA GI POZELENEEME MISLITE

Post on 18-Mar-2016

257 views 6 download

description

ilustrirana stihozbirka

Transcript of DA GI POZELENEEME MISLITE

ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола

СОДРЖИНА

Фросина Апостоловска ΙV2 .................................................................... 1

Емилија Соклевска ΙV2 ............................................................................. 2

Илина Наумчевска ΙV2............................................................................. 3

Катерина Паскова IV2 ............................................................................... 4

Христина Велчевска IV2 ........................................................................... 5

Јосиф Гунзов IV2 ...................................................................................... 6

Јована Спасевска IV2 ............................................................................... 7

Катерина Смилевска IV2........................................................................ 8

Сара Бошевска IV2 .................................................................................... 9

Стефан Марковски IV2 .......................................................................... 12

Филип Чуруковски IV2 ........................................................................... 13

Ивица Цицковски IV2 ............................................................................. 14

Николина Васик IV2 ............................................................................... 15

Јована Димоска IV2 ................................................................................. 16

Филип Kочоски IV2 ................................................................................ 17

Димитар Куновски IV2 ........................................................................... 18

Стефани Лингуровска III5 ...................................................................... 19

Антонио Мачковски III5 ....................................................................... 18

Виктор Атанасовски III5 ....................................................................... 19

Стефани Георгиевска III5 ....................................................................... 22

Павел Тасевски III5 ................................................................................. 23

Сара Накеска III5 ..................................................................................... 22

Јордан Горгиев III5.................................................................................. 21

Стефанија Петревска III5 ........................................................................ 20

Сара Трпеска III5 ..................................................................................... 26

Никола Попов III5 ................................................................................... 27

Михајло Пуплиевски III5 ....................................................................... 28

Михаил Кусибојоски III5 ....................................................................... 29

Марија Пуплиевска III5 .......................................................................... 30

Марија Гулабовска III5 .......................................................................... 31

Лина Србакоска III5 ................................................................................ 32

Кристијан Треневски III5 ........................................................................ 33

Христијан Пусоски III5 ........................................................................... 34

Горазд Николовски III5 ........................................................................... 35

Евгениј Јосковски III5 ............................................................................. 36

Драгана Петреска III5 ............................................................................ 37

Дона Дамчевска III5 ............................................................................... 38

Давид Николовски III5 ........................................................................... 39

Дарко Паленѕовски III5 ........................................................................... 40

Ана Марија Димитрова III5 .................................................................... 41

Андреј Соколовски III5 ........................................................................... 42

Во прилог следуваат лични литературни

творби на тема

ДА ГИ ПОЗЕЛЕНЕЕМЕ МИСЛИТЕ

Одговорни наставници :

Гордана Анастасова

Снежана Стојанова

и ученици од ΙV2 и III

5 одделение

при ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

дизајн и компјутерска обработка:

Снежана Паскова

и ученици од II5 клас при СОУ„Таки Даскало“-Битола

Книгата е изработена за потребите на NAUK во PEP

проектот „Да ја позелениме и разубавиме нашата

планета“

печати: АКТАГРАФИКА- Битола

ГИ ПОЗЕЛЕНЕЕМЕ МИСЛИТЕ

Засади дрво,

засадија иднината.

Посреќен ќе бидеш

во зелена околина.

Чувај ги дрвата,

Чуваја околината.

Чист воздух ќедишеш

и здравје ќе имаш.

Фросина Апостоловска ΙV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЕКОЛОШКА ПЕСНА

Секој до нас треба

да се грижиме за светот,

природата да ја

исчистиме од сметот.

Насекаде да биде

зелено и чисто,

да ни биде убаво

како дома исто.

Да засадиме дрвја

и здрав воздух да имаме,

само така од природата

најдобрато ќе го примаме.

Андреј Соколовски III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ДА ГИ ПОЗЕЛЕНЕЕМЕ МИСЛИТЕ

Полека, полека ама смело

го засадив цвеќето бело.

Овој килим зелен

ова поле-бескрајна шир

да се сочува мора

од нечовечност и уништување

и од неправилно размислување.

Оваа планета резерва нема

но на секому му треба.

Емилија Соклевска ΙV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЕНЕРГИЈАТА ТРЕБА ДА СЕ ШТЕДИ

Дали е добро

кој ке ми каже

тој што знае,

Штедење е да не пребираш храна,

да не оставаш јадење во чинија

Штедење не е само

да собираш пари во касичка.

Не треба да се знае

Треба да се умее

Ана Марија Димитрова III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ПРОЛЕТНИ УБАВИНИ

Ве сретнав планини и полиња,

и вас зелени ридови,

ве открив бистри потоци

ве најдов прекрасни цветови.

Убавини секаде познав,

природата нежно ме занесува,

реката чисто ме поздравува

земјата со утринска роса се оросува.

Илина Наумчевска ΙV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЕКОЛОШКА ПЕСНА

Aјде деца да напишиме

еколошка песна

и да пратиме порака бистра

земјата да ни биди чиста.

Ајде деца земјата чека

нашите вредни раце

да садат борови

за да бидат чисти нашите бели дробови.

Дарко Паленѕовски III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ПОЗЕЛЕНИ ГИ МИСЛИТЕ

Ѓубрето во кантата нека оди,

природата зелена нека биди,

децата да ја чуваат природата чиста

секогаш нека биде иста.

Возете често велосипед,

оставете ги автобусите,автомобилите,

пешачете сите често

на природата шанса да и дадеме.

Екологисти екологија вршете

за земјата грижете се,

дрвјата да живеат,цвеќињата да цветаат,

ајде и сите ние тоа да го правиме.

Порака да пратиме ние,

од целиот свет ширен

зелена боја сакаме,

трева да има насекаде.

Катерина Паскова IV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

МОЈА ПРИРОДА

Добар ден наша припода,

ние тебе многу те сакаме.

Ти сиполна со зеленило,

полна со убавини.

Во зима имаш бело облека,

на пролет се зеленеш,

а волето со разни бои песни,

но воесенсе златееш.

Давид Николовски III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ДА ГИ ПОЗЕЛЕНИМЕ МИСЛИТЕ

Да има каде да се пее,

секој детски глас да лее,

во душата на секое дете да почуствува радост

исто така и детска младост.

Додека сме мали,

мама да не гали.

Сакам како птица в лет

да го прошетам целиот свет,

а уште повеќе сакам да гледам зелено

а не од автомобили мелено.

Христина Велчевска IV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ГЛАСОТ НА ПРИРОДАТА

Ако сакаме убави утра

и сонцето уште долго да не гали

мораме природата да ја слушниме

сите ние,големи и мали .

Слушни го гласот на тревата

“ Немојда ме валкаш ,и ме казиш ,

тоа мене ме боли“.

Слушнија песната на пот на пт тицата

што на небото ширно ,сака да лета

слушни го гласод жуборот

сака бистра да патува,неа морето ја чека.

Слушнија го шепотот на лисјата

во нашите дворови,шуми,гори

и тој нас не подучува

да садиме дрвја нови.

Ако сме сите ние добриако правиме како природата

сака

тогаш и таа на сите нас

со убавини ке ни врака.

Дона Дамчевска III5

ОУ ,,Св.Климент

Охридски“-Битола

ПОЗЕЛЕНИ ГИ МИСЛИТЕ

Ајде да другаруваме,

ајде да размислуваме!

Добра мисла испрати,

за добра мисла да се врати.

Зелена е тревата

околу нас што лежи

зелени се дрвјата,

со безброј зелени мрежи.

Зелени се цветовите,

автомобилите и дворовите.

Зелени се реките,

езерата и ридовите.

Ваква мисла испрати,

и ваква мисла врати!

Јосиф Гунзов IV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ПЕСНА ЗА ЕКОЛОГИЈАТА

Ако некој те праша

што е потребно да бидеш здрав

кажи му – хигиената моја

и чистотата на околината своја.

Радувај се дете

на нов цвет

помирисај го и не го кини!

Радувај се и на зелената трева

не газија и по патекана мини!

Отпадокот пак стевиго на свое место

во кантите и корпите,

а своите другарчиња за истото

опоменувај ги често.

Не дозволувај тие да загадуваат

придонесете за околината

и заедно излезете во природа

на 21 Март

на денот на екологијата!

Драгана Петреска III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

СИ БИЛЕ ЕДНО ДЕВОЈЧЕ И МОМЧЕ И САКАЛЕ

СВЕТОТ ДА БИДЕ ПОУБАВ

Без срамота

се зафатиле за работа

посадиле дрва, цвеке ,

засадиле и трева.

Постари и помлади

од нив се застрамиле

па и тие за работа

заедно се зафатиле

Јована Спасевска IV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЖИВОТНИ

Јас сум насмеана,прохѕирна медуза

со безброј краци,верни другари

ми се морските бранови,тие ме лулаат,

ме носат,насекаде ме ,,возат“...

Јас сум морска ѕвезда,со пет

крака,си живеам покрај морските

карпи ,имам убави шарени бои.

Евгениј Јосковски III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ДА ГИ ПОЗЕЛЕНИМЕ МИСЛИТЕ

Да ги позеленееме мислите

сите деца

да ги позеленееме мислите,

да не правиме штета.

Да ги позеленееме мислите

сите деца црни, жолти, бели,

со обравчиња врели

за природата да биде

чиста и бистра.

Катерина Смилевска IV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ПРОЛЕТ

Пеперутка на цвет,

на небото птица во лета.

Сонцето се смее,

славејчето песничка ни пее.

Горан на цел глас вика:

- Пролетта нацртала најубава слика!

Горазд Николовски III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ДА ГИ ПОЗЕЛЕНЕЕМЕ МИСЛИТЕ

Благодарение на сонцето

имаме ден и нок,

имаме месечина

и многу бајки за неа

и ништо поубаво од виножитото.

Ако сакаме да имаме

убава околина,

треба многу грижа за неа.

Чувај ја, и сакај ја

природата само така

можеш да ја одржуваш

чиста и убава твојата

и нашата ПРИРОДА

Сара Бошевска IV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЕКОЛОГИСТ

За да бидам екологис

треба да бидам чист.еба да сум многу чист.

Исто така треба да пазам

тревата да не ја газам.

И дрвца да садам

се од себе ќе дадам

и цвеќина разни

паркови да не се празни.

Така секој човек ќе е среќен

и сонцето весело ќе се смее

Сите ние екологисти

ќе сме здрави чисти.

Христијан Пусоски III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ДА ГИ ПОЗЕЛЕНЕЕМЕ МИСЛИТЕ

Од секогаш сите

посакуваме чиста планета.

Па тогаш ајде да ја

направеме еко-планета.

Што ке биде ако не

ја чуваме природата?

Ке направиме чад-планета.

Ајде да излеземе и

да ги исчистеме сиде држави.

За да имаме еко-планета.

Стефан Марковски IV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

МОЈАТА УЧИЛНИЦА

Просторот во кој што

учам и пишувам

училница се вика

ја негувам и бришам

од чистота да блика.

Убави цвекиња,

чисти столчиња и клупи сака

но за тоа ми дава мнугу мака.

Со боички и украси

цртежи си правам

со голем труд

на џидови ги ставам.

Кристијан Треневски III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ДА ГИ ПОЗЕЛЕНЕЕМЕ МИСЛИТЕ

ПРИРОДА

Еј зошто си ваков Марче

дај мотај ново парче

не гази трева братче

има друго патче.

Океј е да си зелен

Уствари да си чист

немој да бидиш против природата

немој како нив.

Слушајме ваму малце

зависи и од наши раце

животната средина чува ја

пошто светот наш е.

Биди зелен ти

биди зелен ти

сите ние да бидеме зелени.

Филип Чуруковски IV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЕКОЛОГИЈА

Во нашиот град повторно пролет,

сонцето слатко ни се насмевнува нас,

а моето лице блесла и сјае,

за екологијата наша пишувам јас.

Денес видовубавина земска,

деца како пчели во рој,

сите се среќни,и желни,и добри,

ја слават чистотата во грддот мој.

Ете ги и нив кренаа глави,

екологијата секој треба да ја слави,

еден е светот ида ни биди ист

да го одржуваме градот чист.

Додека некој се гуши во чад,

нешта што болест прдизвикуваат често,

затоа совет на сите им давам,

одпадок секој на негово место.

И затоа денес јас кревам глас,

екологијата тука е за секого спас,

природета наша плаче и моли,

,,Не уништувај ме“ – те моли.

Лина Србакоска III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ДА ГИ ПОЗЕЛЕНЕЕМЕ МИСЛИТЕ

Гордо да се насмееме

мисли да позеленееме

природата да ја зачуваме

секогаш да и се радуваме

Гордо со труд напред во јуриш

Сите заедно

Во полиња и рамнини

Низини и планини

Како мравки растурени

Со дрвце во рака

На денот на трудот

На денот на екологијата

Ивица Цицковски IV

2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ПРОЛЕТ

Едно мече мало

го извади шалот

веке не му студи

поминаа зимски дни луди

Едно слонче се јави

со пролетта сака

да се поздрави.

Една пчела во лет

посетува мирисен цвет

Марија Гулабовска III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ДА ГИ ПОЗЕЛЕНИМЕ МИСЛИТЕ

Да ги позелениме мислите

на сите луѓе во светот

да нема веке војни и

омраза меѓусите.

Да ги позелениме мислите

на сите луѓе восветот

да ги пуштиме белите гулаби

и да владее мир и слобода.

Николина Васик IV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЧИСТОТА !

Чистотата мама ми ја дae

и мене и тебе батеаде

да ги триеме

а треба и рачината.

Да ги начешламе косината

и да ги измиеме запчината.

Тато зборува за хигиena

и хранатада биде миена

чиста храна луге здрави,

чистата околина здравје ни подарува.

Марија Пуплиевска III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

СИТЕ ДЕЦА ВО СВЕТОТ

Црни , жолти , бели

чукаат малите срца

а малечките чукања забрани

чукаат во срце големо.

Чукаат за обедување

за радост и среќа

да нема глад и солзи

во ниедна детска душа.

Детската душа е невина

копнее за да си подаде рака

сите деца во светот

да се сплотени како една

рака,срце,душа.

Така обединети

ќе се бориме за нашата среќа

и сакаме секое детско лице

да биде насмејано.

Јована Димоска IV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ПРОЛЕТ

Дојде дојде пролртта

Секоја птичка од југ долета

Од радост секое дете излета

Дојде дојде пролртта

Сите птички на цел глас пеат

По ливадите насекаде кокичиња се веат

Цветови по дрвјата во разни бои растат

На секаде сончеви зраци се пластат

Дојде дојде пролртта

Насекаде свежина се чувствува

Секое дете да игра надвор излегува

Сета убавина во секој дом влегува

Михаил Кусибојоски III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЉУБОВ

Како водата што е течна

така љубовта е вечна.

Љубовта како сонце грее,

љубовта е кога мајка ми се смее.

Филип Kочоски IV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЕКОЛОГИЈА

Небото да е чисто а во воздухо бистро тревата да е зелена

секој ден полевана.

Водата си е вода отсекогаш е во мода и сите знаеме дека е

од бога.

Природата треба да ја пазиме и нетреба да ја газиме.

Михајло Пуплиевски III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ДА ГИ ПОЗЕЛЕНИМЕ МИСЛИТЕ

ЕКО ПОРАКИ

НЕМАМЕ РЕЗЕРВНА ПЛАНЕТА!

НЕ ГО ЗАГАДУВАЈ ВОЗДУХОТ!

ШТЕДИ ЈА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ!

НЕ ФРЛАЈ ОТПАДОЦИ НА ЈАВНИ МЕСТА!

ЗЕМИ ГО ОТПАДОТ СО СЕБЕ КОГА СИ ВО ПРИРОДА!

ЗАСАДИ ДРВЈА!

БЕЗ ОЗОН НЕМА ЖИВОТ НА ЗЕМЈАТА!

ЧУВАЈ ГИ РЕКИТЕ И ЕЗЕРАТА ОД ЗАГАДУВАЊЕ!

НЕ УПОТРЕБУВАЈ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ!

Димитар Куновски IV2

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

МОЕТО БОРЧЕ

Секое утро те гледам,

јас како растеш

се поголем секој

час

Секој ден со вода

те појам во

природата,

со себе високо

ќе стојам.

Секоја ноќ врвот,

твој, високо меѓу

ѕвездите лебди,

со желбите мои

и твои.

Никола Попов III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Планетата треба да биди чиста.

Во планетата земја не треба да се фрлаат отпадоци.

Ние треба да ја сакаме планетата земја.

Јас сакам најпоке да јa сакам и ја сакам планетата земја.

Поке треба да ја засакаме и да ја пучитуваме.

И не треба да си играме со планетата земја.

Стефани Лингуровска III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЕКОЛОГИЈА

За да биде чист воздухот треба:

да се засадат дрвца,

да не се фрлаат одпадоци,

да не се гази тревата.

Засадените дрвца да ги чуваме,

да не ги уништуваме.

Сара Трпеска III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ШТЕДАМ САМ

На телевизја гледам,

на радио слушам

и мама ме советува

а јас брзо учам.

Штеди струја,

штеди пари

и вода да се штеди.

Ете сега знам

да штедам сам.

Слушнете и Вие

секој нека знае

треба да се чува

тоа што ни вреди.

Водата бистра секој

треба да ја штеди!

Антонио Мачковски III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЧИСТА ПРИРОДА

Природата треба да се сака

по убави цвеќиња

не пуштај рака.

Чувај ја природата чиста

не загадувај ја водата

нека е бистра.

Нека се радува

целиот свет

на мирислив убав цвет.

Гледај ја тревата мека

трчај по неа

нека дете нека.

Стефанија Петревска III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ПРИРОДА

Местото кое не опкружува,

местото во кое живееме

сетото тоа е природа.

Природата треба да ја пазиме,

природата треба да ја чуваме

природата не треба да ја загадуваме.

Тоа треба да го правиме,

зошто само така,

таа ќе ни даде здрав и среќен живот.

Виктор Атанасовски III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ВОДАТА ТРЕБА ДА СЕ ШТЕДИ

1. Водата вреди и треба да се штеди

му велам на Влатко, Петре и Златко

не трошете вода за палави игри

зошто сите капки ни се битни.

2. Да заштедиш вода богатство е цело

и тоа скапо платено е дело,

да се внимава малку добро би било,

а верувајте и мене многу ќе ми биде мило.

3. Ќе нема суша,ќе нема жед

целата работа ќе биде во ред,

пораката моја многу е гласна

потребата од водамногу е јасна.

Јордан Горгиев III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЛИЧНА ХИГИЕНА

Хигиената е здравје деца

Затоа ве молам

Не играјте си со неа

Мијте заби, лице, уши

Нешто лошо да не

ви се случи.

Не двоумете се многу

Мијте и раце

Миењето раце е

Половина здравје.

Стефани Георгиевска III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЕКОЛОГИЈА

Ние треба природата да ја чуваме,

а да не се шегувамме.

Треба да ја чуваме чиста

и водата што тече бистра.

Ние треба отпадоците да ги собираме,

во корпа да ги ставаме.

Околината да ни е чиста ,

како солза бистра.

Сара Накеска III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола

ЕКОЛОГИА

Планета земја

трба да ја чуваме чиста,

и секогаш водата

да биде бистра.

Воздухот постојано

го загадуваме,

иакок постојано

за екологиа

песни пишуваме.

Штедењето вода

сегае е во мода .

И не треба многу

да мудруваме

туку земјата чиста

треба да ја чуваме.

Павел Тасевски III5

ОУ ,,Св.Климент Охридски“-Битола